Се укинува данокот на добивка за малите фирми

Bez autora
Aug 21 2011

Даночните обврзници чиј вкупен приход остварен претходната година по сите основи не изнесува повеќе од три милиони денари ќе бидат целосно ослободени од обврската за плаќање данок на добивка, предвидува Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка, што во првото читање вчера доби поддршка од собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според заменик-министерот за финансии, Недим Рамизи, на трговските друштва кои во текот на годината остваруваат од три до шест милиони денари приход, со измените на законот ќе им се овозможи избор на моделот на оданочување. Ќе имаат можност да плаќаат данок на вкупен приход во висина од еден отсто наместо данок на добивка од 10 проценти, како што предвидува постојното законско решение. Одбраниот модел на оданочување нема да може да го менуваат во следните три години, вклучувајќи ја и годината за која се плаќа данок на вкупен приход. Опозицијата обвини дека Владата прави реформи на штетни закони што самата ги вовела...

Се укинува данокот на добивка за малите фирмиДаночните обврзници чиј вкупен приход остварен претходната година по сите основи не изнесува повеќе од три милиони денари ќе бидат целосно ослободени од обврската за плаќање данок на добивка, предвидува Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка, што во првото читање вчера доби поддршка од собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според заменик-министерот за финансии, Недим Рамизи, на трговските друштва кои во текот на годината остваруваат од три до шест милиони денари приход, со измените на законот ќе им се овозможи избор на моделот на оданочување. Ќе имаат можност да плаќаат данок на вкупен приход во висина од еден отсто наместо данок на добивка од 10 проценти, како што предвидува постојното законско решение.

Одбраниот модел на оданочување нема да може да го менуваат во следните три години, вклучувајќи ја и годината за која се плаќа данок на вкупен приход. Опозицијата обвини дека Владата прави реформи на штетни закони што самата ги вовела.

„Обврската за оданочување на малите и на средните претпријатија со вкупен приход до три милиони денари ја воведовте токму вие, во 2007 година, а сега си правите реформи сами на себе. Во меѓувреме, многу мали фирми згаснаа поради неможноста да ги плаќаат даноците“, рече Марјанчо Николов од СДСМ, претседател на Комисијата за финансирање и буџет.

Тој смета дека укинувањето на данокот на добивка на малите и на средните фирми со приход до три милиони денари, Владата ќе го компензира со нова категорија за оданочување кај тие со приход од три до шест милиони денари. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik